Економија, финансии, бизнис

Контакт

Финансиска полиција го гони Илчо Ѓорѓиоски

Финансиска полиција го гони Илчо Ѓорѓиоски

Финансиска полиција поднесе кривична оријава против Илчо Ѓорѓиоски, поранешниот прв човек на Фудбалската федерација на Македонија, за неотпишани 273.320 евра додека бил претседател на оваа организација. Пријава има и за ФФМ.

Во завршната сметка за 2017-та година не извршил отпис на ненаплатени побарувања од пропаднатиот синџир трафики „Тобако“ и на комбинатот „Југохром“, во вкупен износ од 16 милиони и 809 илјади денари (273.320 евра).

На оваа сума не бил платен данок, а ФФМ незаконски се стекнала со добивка од 27.330 евра.

Ѓорѓиоски минатото лето си даде оставка како претседател на ФФМ и си најде ангажман во Европската фудбалска централа УЕФА.

Слично

Поврзани вести