Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Финансиска полиција“ го чешла работењето на ноќните клубови

„Финансиска полиција“ го чешла работењето на ноќните клубови

Управата за финансиска полиција соопшти дека активно е вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите кои функционираат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови низ земјава.

Од таму велат дека на располагање се ставени сите капацитети во откривањето евентуални неправилности и нелегални активности во работењето на овие објекти.

„Акцијата се фокусира на утврдување на финансиски проневери, избегнување на даночни обврски, нелегално работење и други неправилности во финансиското работење на угостителите“, велат од финансиска полиција.

Управата додава дека се преземаат сите потребни мерки и активности за санкционирање на секој вид на неправилности кои ќе бидат утврдени во текот на акцијата.


Слично

Поврзани вести