Економија, финансии, бизнис

Контакт

Финансиска полиција ги испрати предметите во ОЈО, откако Русковска беше суспендирана, а Муареми си даде оставка

Финансиска полиција ги испрати предметите во ОЈО, откако Русковска беше суспендирана, а Муареми си даде оставка

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ги доби 380-те предмети од Управата за финансиска полиција, кои биле отворени по анонимни кривични пријави. 

Поради ова барање дојде до зовривање на односите помеѓу шефицата на одделот Вилма Русковска, која сега е суспендирана, и директорот Арафат Муареми, кој си поднесе оставка.

Поради недоставување на овие предмети, беше извршен претресот од страна на Обвинителството за организиран криминал и корупција во Управата за финансиска полиција, поради сомнежи за незаконско работење.

Се бараа сите анонимни кривични пријави доставени до Управата од 2018 година до денот на претресот. Наводно сомнежот бил дека наменски се отворале анонимни кривични пријави, со цел да се уценуваат граѓани или правни лица.

380-те предмети до ОЈО биле доставени пред десетина дена, објави „Фокус“.


Слично

Поврзани вести