Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филтер станицата за снабдување со вода на Карбинци е високо-технолошко решение од Алфа Инжинеринг

Филтер станицата за снабдување со вода на Карбинци е високо-технолошко решение од Алфа Инжинеринг

Алфа Инжинеринг успешно го заврши проектот за водоснабдување на Општина Карбинци. Новата филтер станица за чиста вода за пиење е веќе пуштена во употреба и ги реши долгогодишните проблеми на жителите од оваа општина, информираат оттаму.

Оваа прочистителна станица е уште еден проект на Алфа Инжинеринг и претставува високо-технолошко и инженерско решение. Инсталираната опрема е направена од самата компанија и е применет современ метод за ултра-филтрација на водата. Капацитетот на филтер станицата е 40 литри во секунда доволно да ги задоволи потребите на жителите на оваа општина.

“Завршивме еден комплексен проект со специфични и високо-технолошки барања за производство на чиста вода за пиење. При конструирањето на објектот баравме решение што трајно ќе го реши проблемот за водоснабдување и затоа користени се највисоки технолошки стандарди и современи материјали што овозможуваат долготрајност, издржливост и безбедност во однос на водата. Со експертизата што ја имаме и искуството во оваа област, можам да кажам дека жителите на Општина Карбинци добија модерна филтер станица што на долг рок ќе ги снабдува со квалитетно филтрирана вода за пиење,” истакна Ацо Ристов, сопственик на Алфа Инжинеринг.

Алфа Инжинеринг е компанија специјализирана за високотехнолошки системи, со примена на нови технологии, машински инженеринг, автоматизација и напредни системи за управување со водоснабдување. Покрај иновативноста и високите стандарди во својата работа се потпира на партнерските релации со други компании од регионот. Филтер станицата во Карбинци е изградена во соработка со партнерската фирма од Словенија Езотек.

За важноста во изведбата на овој проект говори и фактот дека во Општина Карбинци заедно со населените места Козјак, Аргулица, Црвулево, Таринци, Долни Балван, Нов Караорман и Радање живеат околу 4000 жители кои долги години се соочуваа со проблем снабдувајќи се со вода за пиење преку локални бунари.


Слично

Поврзани вести