ФИЛМСКО БЕГСТВО, НО СЕПАК ЗАД РЕШЕТКИ: дрвократци нападнале полицајци со моторна пила кога биле фатени како сечат дрва
Двајца ќители на селото Црнилиште се уапсени бидејќи ден претходно биле затекнати како сечат дрва за огрев, но ги нападнале полициските службеници и избегале, соопшти Министерството за внатрешни работи.
- На 29.04.2026 во 21:30 часот во с. Црнилиште, општина Долнени, полициски службеници од ПО Ропотово ги лишија од слобода Т.Т.(33) и Џ.Т.(59), двајцата од с.Црнилиште.
Претходно, истиот ден околу 12:30 часот, во атар на с.Стровија, општина Долнени, од страна на полициски службеници од Шумска полиција Прилеп биле затекнати двајцата како бесправно сечат огревни дрва, при што агресивно се однесувале кон полициските службеници, а Џ.Т. со моторна пила нападнал еден од полициските службеници, по што се дале во бегство - појаснуваат од МВР.
По преземени мерки, Т.Т. и Џ.Т. се лишени од слобода и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.
Слично
