Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ ВО ИЛИНДЕН - со огнено оружје им се заканувал на вработените и им одзел пари

ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ ВО ИЛИНДЕН - со огнено оружје им се заканувал на вработените и им одзел пари

Филмски грабеж се случил утрово во банкарска експозитура во скопски Илинден.

Како што објавија од Министерството за внатрешни работи, во банката имало вооружен грабеж. 

Лице со качулка на главата влегол во банката и им се заканил на вработените дека ако не ги предадат парите, ќе бидат убиени. Притоа, ограбувачот дури извадил и пиштол. Тој успеал и да избега.

Од МВР со кратка информација за утринскиот грабеж:

Денеска (28.02.2024) во 10.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во експозитура на една банка во нас.Илинден – Скопје едно лице со закана со огнено оружје од вработените одзело пари. 

Дел од медиумите пренесуваат дека станува збор за висока сума, но официјална потврда за оваа информација се уште нема.

Слично

Поврзани вести