Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛМСКА ПОТЕРА ПО СКОПЈАНЕЦ КОЈ САКАЛ ДА СЕ СКРИЕ ВО СКОПСКА ФАБРИКА - удрил во еден од полицајците кои му поставиле блокада

ФИЛМСКА ПОТЕРА ПО СКОПЈАНЕЦ КОЈ САКАЛ ДА СЕ СКРИЕ ВО СКОПСКА ФАБРИКА - удрил во еден од полицајците кои му поставиле блокада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишен скопјанец за Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Соопштуваат дека на 14 февруари, веднаш по полноќ, во близина на влезот во фабриката Пивара Скопје, осомничениот нападнал и повредил полициски службеник кој вршел работи на јавната безбедност, кои се однесуваат на спречување и откривање на кривично дело.

- Осомничениот управувал автомобил „Рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки и најпрвин не постапил по сообраќајна СТОП наредба со светлосна сигнализација издадена од неколку полициски службеници од Единицата за интервентна полиција. Наместо да застане за личен преглед и легитимирање, тој ја зголемил брзината на возилото и ја избегнал полициската контрола. По полициска радио врска била распишана објава за пронаоѓање на возилото на осомничениот, по што на критичното место била поставена блокада од полициска патрола на службени лица од СВР Скопје. Кога дошол до блокадата, осомничениот повторно се обидел да ја избегне, и продолжил да вози кон влезот на фабриката. Влезот го блокирале неколку полициски службеници со службено возило, а оштетениот полицаец излегол за да му даде сообраќаен стоп-знак на осомничениот - соопштуваат од обвинителство.

Но, во тој момент, како што посочуваат од ОЈО, осомничениот го насочил својот автомобил кон телото на еден од полицајците и со предниот дел удрил во него, нанесувајќи му телесна повреда – набиеници и расекотини на десната нога, а го оштетил и полициското возило поставено за блокада.

- Бидејќи постои опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор - додаваат од ОЈО.

Слично

Поврзани вести