Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛМСКО АПСЕЊЕ ВО СКОПЈЕ, ПРОНАЈДЕНИ КОКАИН, КРИСТАЛ МЕТ, ЕКСТАЗИ... - ја препакувал и продавал дрогата во домот, но и во гаражата

ФИЛМСКО АПСЕЊЕ ВО СКОПЈЕ, ПРОНАЈДЕНИ КОКАИН, КРИСТАЛ МЕТ, ЕКСТАЗИ... - ја препакувал и продавал дрогата во домот, но и во гаражата


Вчера од страна на полициски службеници од  Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи - Единицата за недозволена трговија со дрога во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје лишен е од слобода Г.М.(38) од Скопје.

По добиени информации дека тој набавува дрога во поголеми количини која ја препакува и ја продава, по добиена наредба од Основен суд Скопје, извршен е претрес во домот во кој живее и помошна просторија - гаража, при што се пронајдени и одземени 13 пакувања кокаин, 7 пакувања кристал мет, 1 пакување екстази и ќесички со марихуана, како и предмети со остатоци од марихуана.

По документирање наслучајот против Г.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слично

Поврзани вести