ФИЛКОВ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА КУЌАТА НА ПАНДОВ: Најстрого ќе бидат казнети сторителите
Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на УИС, Александар Пандов. Toj бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители. Правда мора да има и ќе има!“, вели Филков.
Инаку, Пандов вчера објави фотографии од изгорената куќа во Зелениково. Се сомнева дека тоа е дело на мафијашки структури.
Слично
