Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипов: Шредер беше на час, посетата на Меркел сега е позначајна

Филипов: Шредер беше на час, посетата на Меркел сега е позначајна


Ова е доста значајна посета. Не е војна туку е во мир, а сепак Ангела Меркел доаѓа во Скопје, вели поранешниот амбасадор во Германија, Ѓорѓи Филипов. Војната или мирот е во контекст дека станува збор за важна личност во меѓународната политика, а германски канцелар во Македонија бил само еднаш. Герхрад Шредер дошол за време на косовската бегалска криза во 1999 година и тоа само еден час на граничниот премин. Филипов за Фактор вели дека посетата е важnа од многу аспекти, најмногу затоа што дава една насока кон македонската ориентација. Значи дека имаме пријатели, дека не сме сами, вели Филипов.

„Нашиот беше необичен фиктивен проблем и ќе предизвикаше повеќе проблеми ако стоеше нерешен. Меркел доаѓа пред се за поддршка кон решението за спорот, кое веќе е поздравено од меѓунардната заедница, односно има општа согласност дека прашњето треба да се затвори. Се разбира има многу посериозни прашања во Еврoпската Унија и во светот иако ние мислиме дека нашето е најголемо, но секако овој спор многу се провлече и стопираш е многу процеси. Така, целата на посетата и на Маркел, но и на Себастијан Курц, претходно и на Тереза Меј е во функција на покажување дека не трeба да има отстапувања. Во моментов и во Грцијa има популација која смета дека договорот не е добар, но за кај нас најважно е граѓанитe да сфатат дека референдумот не е изјаснување за политичка партија, туку за тоа како ја замислуваат својата иднина, вели Филипов.

Додава оти бојкотот би бил најлоша опција за реферeндумот на 30 септември. Посетата на Меркел во Скопје е закажана за сабота.


Слично

Поврзани вести