Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче незадоволен: Советници на СДСМ одработуваат за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче незадоволен: Советници на СДСМ одработуваат за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изрази разочараност од однесувањето на членови на општински совети кои доаѓаат од редовите на опозициската партија, затоа што поради лични интереси одработувале во корист на градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче при посетата во Аеродром најави конкретни внатрепартиски промени во начинот на избор на кандидати за градоначалници и за советници на следните локални избори.

„Дел од досегашните советници не си ја вршеа добро работата, дел соработуваа со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ама само за лични интереси. Тоа повеќе нема да се дозволи. Ќе има санкции за прекршување на кодексот“, истакна претседателот на СДСМ.

Во однос на изборот на кандидати, претседателот на СДСМ порача дека ќе го поддржи секое решение што ќе дојде од базата.

„Ќе предложам советниците да ротираат, односно да имаат мандат од две години, а потоа следните од листата да влезат во советот. Така ќе им дадеме шанса на двојно повеќе наши другари и другарки да бидат советници во рамки на четиригодишниот мандат. Тоа е фер и дава можност за поголема вклученост“, изјави Филипче на состанок со Општинската организација на СДСМ Аеродром.


Слично

Поврзани вести