ФИЛИПЧЕ: Здравствениот систем веќе неколку дена е под силен притисок, ситуацијата е критична и ќе разговараме за можни дополнителни мерки
Министерот за
здравтво, Венко Филипче, кој денеска присуствуваше на предавањето на воено санитетските
возила од страна на АРМ, со што се засилува јавното здравство во борбата против
епидемијата, изјави дека во последниве неколку дена целиот здравствен систем е
под силен притисок и дека ситуацијата е критична.
-Имавме состанок со директорите на интерните клиники и договаравме распоред на пациенти во дополнителни болнички капацитети. Формиран е и дополнителен тим одговорен за третирање на овие пациенти на сите интерни клиники. Во секој од тимовите има пулмолог и анестезиолог за секакви консултации во однос на здравствената состојба на пациентите, истакна министрот Филипче.
Истовремено, тој уште еднаш апелирапе да се почитуваат мерките од кои како здравствени власти очекуваат да има резултати во наредниве недели и како што рече, верува дека нема да има потреба да водуваат и дополнителни рестрикции.
-Можно е да го предложиме и тоа, се разбира доколку е потребно. Денеска Комисијата за заразни болести ќе има состанок во 14 часот. Ќе ги дискутираме можните дополнителни рестриктивни мерки. Тоа што евентуално би можело дополнително да се предложи е целосно затворање на економските оператори кои се уште работат, како и ограничување на движењето, дали во текот на едно секое деноноќие во попладневните или во вечерните часови и за време на викенд. Но, и по утринската координација се уште сметаме дека ова не треба да се препорачува. Ја следиме состојбата, изјави министерот Филипче.
А.Б.