Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Засега имаме тројца излекувани и тројца починати пациенти

Филипче: Засега имаме тројца излекувани и тројца починати пациенти

Mинистерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека има 24 нови заразени со коронавирусот. 

Во Македонија сега има 201 лице кое е заразено со коронавирусот. 

Има уште еден пациент поврзан со кожната клиника во Скопје. 

Еден пациент од Дебар си заминал дома, а се подготвува истото да се направи и со една жена од Скопје. И таа ќе замине на домашно лекување. 

„Со ова имаме тројца излекувани и тројца починати пациенти во земјава. Добра е состојбата и на пациентите од Штип“, рече министерот. 

Владата вчера донесе одлука со која се забранува движење за време на викендот од 16 до 5 часот наутро. 

„Ова е мерка која имајќи ги в предвид сите искуства од земјите во светот, е мерка која е единствена која дава добри резултати. Ограничување на социјалните контакти, избегнување на групирањата. Од следната недела ќе бидеме подготвени и за мобилните тестирања“, изјави Филипче. 

Нови респираторни машини ќе стигнат во почетокот на април. Ќе има и донација од Кина. 

Следната недела како донација ќе пристигнат маски и тестови. 

За ден или два ќе има детален преглед и на луѓето кое се затекнаа во Дебар. Потоа тие ќе заминат во градовите од кои доаѓаат. 

Слично

Поврзани вести