Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче кажа кој прв ќе може да се вакцинира

Филипче кажа кој прв ќе може да се вакцинира

Започнавме интензивни подготовки со цел да имаме ефикасен процес на вакцинација, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. 

Најави дека идниот период ќе имаат чести состаноци и ќе ја информираат јавноста. 

833.000 вакцини веќе се обезбедени, најави министерот и рече дека овие вакцини ќе ги добиваат согласно планот за дистрибуција. 

„Веќе доставивме барања за директни договори до две светски компании за нивните вакцини и после нивните иницијални одговори ги чекаме и дефинитивните потврди дека ќе можеме да набавиме директно од компаниите“, вели министерот. 

Филипче додаде дека имале состаноци и со економски оператори за транспорт на вакцините. На почетокот на јануари ќе стигнат фрижидерите во кои на минус 70 степени ќе се чуваат вакцините. Како приоритет ќе се вакцинираат здравствените работници кои работат во ковид центрите, оние кои земаат брисеви, хронично болните, повозрасните граѓани. 

За граѓаните вакцината ќе биде бесплатна и нема да буиде задолжителна. 

Слично

Поврзани вести