ФИЛИПЧЕ ЗА ВЛАДАТА: До 2028 година нема да може да се издржи вака
Економска криза, а потоа и „мигранти за пари“, се сценаријата што ја очекуваат државата, изјави лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Венко Филипче, во денешното интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ).
Ја обвинува власта за изолација на државата од европскиот пат, но и предупредува за врски со властите во Србија и Унгарија, но и со Русија.
За случувањата во матичната партија, додава дека не стравува од пуч затоа што на последниот конгрес бил успешен, каде што добил искрени и чесни сугестии.
„Оваа власт се грижи само за сопствените интереси, зашто мора да се испорача тоа што никогаш не го демантираа дека ќе стигнат мигранти за пари и затоа се потребни предвремени избори. Дали ќе бидат на крајот од оваа година, следната, ќе видиме, но до 2028 година нема да може да се издржи вака“, кажа Филипче.
За тоа дали има информација за некаква внатрепартиска платформа или иницијатива за негова промена, рече дека такви шпекулации и тој слушнал, но ги оцени како невистинити.
фото принтскрин