Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ ЗА ВАКЦИНИТЕ НА СИНОВАК ОД КОИ ЌЕ СТИГНАТ 500.000 ДОЗИ: Нивната ефикасност не е 50, туку над 70 отсто, а сакаме да вакцинираме пред летото најголем дел од граѓаните

ФИЛИПЧЕ ЗА ВАКЦИНИТЕ НА СИНОВАК ОД КОИ ЌЕ СТИГНАТ 500.000 ДОЗИ: Нивната ефикасност не е 50, туку над 70 отсто, а сакаме да вакцинираме пред летото најголем дел од граѓаните

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека вакцината на Синовак, која ќе пристигне во најголема количина во земјава, е ефикасна не 50, туку над 70 отсто, и тоа го покажувале најновите студии. Владата, пак, како што објаснува, одлучила да ги набави овие вакцини, бидејќи тоа бил единствениот произодител што може во толку кусо време да ни испорача толку многу вакцини. 

„Токму за вакцината на Синовак разговаравме утрово на Комисијата за имунизација, и беше кажано дека преку публикации е утврдено дека ефикасноста не е 50 отсто, туку над 70 проценти. Се одлучивме на таа вакцина биејќи тоа е единствениот производител што може толку брзо за кусо време да испорача толку голема количина, а не може тоа да го направи ни ден друг производител“, рече Филипче.

Од друга страна, како што нагласи министерот, нашите здравствени власти сакаат да се вакцинираат пред летото што поголем број граѓани.

„Ова е од причина, прво што сакаме да се подобри епидемиолошката слика, па дури и да се постигне колективниот имунитет. Од друга страна, граѓаните ќе птуваат во текот на летните месеци, и сакаме што поголем број да бидат вакцинирани пред летото“, рече Филипче. 

Тој нагласи дека е дојдено до промена во финансирањето на набавката на оваа вакцина, па сега тоа ќе оди преку Министерството за финансии, односно овие вакцини ќе се платат директно од буџетот, а како потоа ќе се покријат тие средства, дали преку обврзница или поволен кредит, ќе одлучи самото Министерство за финансии, рече Филипче.

За кинеските вакцини на Синофарм, пак, за кои обвинува опозицијата, тој рече дека Владата проверува како може да ја декласифицира оваа информација и целосно да ја отвори пред јавноста.

„ВМРО-ДПМНЕ станаа патолошки зависни од лжните вести што ги пуштаат, и тие сами себе се фатија во лага со тие вести“, рече Филипче.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести