ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче за кредитот од Унгарија вели дека сè уште има многу отворени прашања и не е точно дека е со историски најниска камата.
Филипче изјави дека Владата на СДСМ има давано кредити кон стопанството со многу пониски каматни стапки.
„Ние дававме кредити во стопанството со многу помали каматни стапки од 1,6 отсто. Но има многу отворени прашања. Зошто целокупната сума е повлечена веднаш и веќе сега граѓаните плаќаат камати на пари кои не се поделени, а прашање кога и за кој временски период ќе се поделат до компаниите и кои се критериумите врз основа на кои компаниите ќе ги добијат“, рече Филипче.
Тој додаде дека спорно е и тоа што сè уште не е објавена компанијата посредничка која ја наплати провизијата. Македонија од Унгарија доби кредит од 500 милиони евра.
фото Кабинет на претседател
