Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче за смртта на Амди Бајрам: Имаше комплексна здравствена состојба

Филипче за смртта на Амди Бајрам: Имаше комплексна здравствена состојба

Министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали смртта на  лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам, евентуално била предизвикана од Ковид-19, рече дека долгогодишниот политичар имал општо нарушена здравствена состојба.

– Тој имаше навистина комплексна здравствена состојба со многу други хронични болести, меѓутоа во однос на она што денеска се случува навистина немам други информации, изјави Филипче во Струмица.

Бајрам почина утрово на 64-годишна возраст поради проблеми со срцето, а дел од медиумите, јавија дека посмртно ќе му биде направен и тест за Ковид. Смртта е релативно ненадејна за јавноста ако се знае дека минатата недела во Турција тој организираше свадбена веселба за неговата внука.


Слично

Поврзани вести