Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: За прв пат има и еден пациент од Валандово

Филипче: За прв пат има и еден пациент од Валандово

Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес-конференција изјави дека расте бројот на излекувани пациенти од Ковид 19. 

48 пациенти се со негативни тестови. 

Има еден починат во болницата „8-ми Септември“. 

Потврдени се нови 28 заразени. 

За 24 часа направени се 660 тестови. 

За прв пат има и еден пациент од Валандово.

„Досега во земјава се направени 13.000 тестирања и ова не сместува во регионот меѓу земјите со најголем број тестирања“, вели Филипче. 

Од утре се намалуваат рестрикциите за движење. 

Вели дека овие намалени рестрикции заедно со носењето на маските се всушност клучни за да се спречи ширењето на вирусот. 

Филипче вели дека два месеци успешно државата се бори со коронавирусот, и дека ударот на епидемијата е амортизиран. 

Слично

Поврзани вести