Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ: Четворица се борат за живот, во болница е и бремена жена

ФИЛИПЧЕ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ: Четворица се борат за живот, во болница е и бремена жена

Министерот за здравство, Венко Филипче, ги посети повредените во експлоцијата кај Романовце. 

Според него, двајца мажи на околу 60 годишна возраст се на Клиниката за пластична хирургија, а две жени на 40 и 45 годишна возраст се на одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезија и реанимација.

„Од тројцата пациенти во старата Градска болница, една жена на 40 годишна возраст е во одделот за интензивна нега, има и помлада жена од дваесетина години која е бремена, како и едно дете кое што има мал процент на изгореници“, додава Филипче.

Од вкупно седумте пациенти, четворица се во навистина тешка состојба, со висок степен на изгорениците и се наоѓаат во животна опасност.

Од противпожарната единица потврдија дека интеренирале за гаснење на пожар во куќа во Романовце. Кај нив пожарот бил пријавен во 10:10 часот, по што пожарникарите го гаснеле до 11.10 часот.

Слично

Поврзани вести