ФИЛИПЧЕ ЗА ОНКОЛОГИЈА: „ПОЛИТИЧКАТА ОДГОВОРНОСТ ТРЕБА ДА СЕ БАРА ПРЕТХОДНО“: Реверсот е за пациентите да не останат без лек
Со исказот на екс-министерот
за здравство, Венко Филипче,
Анкетната комисија во Собранието денеска ја почна третата седница за
случајот на Онкологија. Филипче
истакна дека уште пред
да стане министер, имало систем со кој не се знаело какви лекови се даваат,
особено за пациентите со малигни болести и за дијабетичарите, но дека законот е
променет и оттогаш лековите се увезуваат по европски критериуми.
Паралелниот увоз на лекови кој постоел до 2018 година, како што посочи, овозможувал лековите што влегуваат во државата да бидат без сертификат за квалитет.
За тоа што биле набавувани лекови на реверс, Филипче рече дека тоа било направено за пациентите да не останат без лек.
-Реверсот е за пациентите да не останат без лек. Во јануари имате 100 пациенти со една дијагноза. Во март дошле 20 нови, а првите 100 мора цела година да го примаат лекот. Затоа е земан реверсот. Не го оправдувам тоа, ама нема што да прават. Ќе останеле пациентите без лек. Системот треба да се смени. Политичката одговорност треба да се бара претходно, зошто немало лекови, односно имало, ама само за мал број пациенти. Давањето, контролата на лекови е работа на менаџментот. Министерот не знае како се даваат терапиите. Тоа е работа на главната сестра, така било секогаш, рече Филипче.
Истовремено, Филипче истакна дека не бил запознаен со КАТО-системот кој со години е неупотребуван на Онкологија. За време на неговиот мандат, како што рече, немало пропусти во работата на Клиниката.
-Не сум дал иницијатива да се воведе КАТО систем. Ако сум дал предлог, ќе сум го имплементирал. До моментот на моето доаѓање на функција, не сум знаел ништо за Клиниката за онкологија, истакна Филипче пред членовите на Анкетната комисија.
ФОТО: МИА