Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче за изјавата на Ахмети: Aко мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија, тоа нема да му помине

Филипче за изјавата на Ахмети: Aко мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија, тоа нема да му помине

Според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ако лидерот на ДУИ, Али Ахмети мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија, тоа нема да му помине.

Претходно, Ахмети се пофали дека ја растурил Југославија.

„Сметам дека тоа го кажува само за некаков негов политички бенефит во оваа консталација на односите. Гледам кажал ја растурил Југославија ако мисли дека вака ќе ја растури Македонија можам да порачам дека нема да победи на овој начин“, вели Филипче. 

Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ исто така реагираше на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека тој ја уништил Југославија.

Слично

Поврзани вести