Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ ЗА ИЗБОРИТЕ: Организаторите ќе се придржуваат до протоколите, апсолутно не е ризик

ФИЛИПЧЕ ЗА ИЗБОРИТЕ: Организаторите ќе се придржуваат до протоколите, апсолутно не е ризик

Било кој настан, вклучувајќи ги и изборите, доколку е организиран според протоколите и препораките на Комисијата за заразни болести, не претставува ризик по граѓаните, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. 

„Сè што ќе се одржи и луѓето и организаторите ќе се придржуваат до протоколите, апсолутно не е ризик. Ние мора да научиме да живееме така. Така е во целиот свет. Во целиот регион има пораст на случаите. Ќе дадам една изјава, ќе ја кажам со резерва и можеби е преуранета, но мислам дека ние први изреагиравме“ – додаде Филипче.

Нагласи дека сите новодијагностицирани случаи на ковид-19 се бидејќи протоколите не се почитувале.

Утре ќе се знае дали ќе биде продолжена или не вонредната состојба. 

Филипче смета дека нема потреба од нејзино продолжување, по што ќе се дефинира датумот за избори. 

Слично

Поврзани вести