Филипче: За границите ќе зборуваме во наредниот период, во координација со соседите
За границите ќе зборуваме во наредниот период, во координација со соседите, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој се надева дека бројот на заразени ќе се држи на многу мал број и дека добро ќе се менаџира бројот на новозаразени.
Министерот вели дека целосно исчезнување на вирусот се покажало дека не е можно одеднаш да се случи.
Филипче дека додека да се пронајде вакцина за Ковид 19, ќе мора да носиме маски, и да држиме растојание.
Но, одморите оваа година ќе бидат многу поинакови од претходно, и одредени мерки ќе мора да се почитуваат, а тие дополнително ќе бидат прецизирани.
Слично
