Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ ЗА ФАКТОР: Заложбата е сите медицински работници и помошно технички персонал да бидат наградени за својата посветеност и труд

ФИЛИПЧЕ ЗА ФАКТОР: Заложбата е сите медицински работници и помошно технички персонал да бидат наградени за својата посветеност и труд

По бурните реакции во јавноста дека сопругата на директорот на Општата болница во Дебар е меѓу вработените на листата кои се наградени, за Фактор, министерот Венко Филипче посочува дека Министерството за здравство не учествува во креирање на листите на здравствени работници и помошно технички персонал кои треба да добијат еднократна награда.

-Министерството со допис ги задолжи директорите на установите да во рамките на инситуцијата подготват листа на свои вработени, согласно критериумот да тие вработени биле/се вклучени во работата со ковид пациенти. Заложбата на Министерството за здравство е да сите медицински работници и помошно технички персонал кои речиси една година се на првата борбена линија со вирусот, бидат наградени за својата посветеност и труд, истакнува министерот Филипче за Фактор.

Инаку, како што претходно пишуваше Фактор, директорот на општата болница во Дебар, д-р. Баки Алили изјави дека неговата сопруга работи во болницата, односно во лабораторија и дека во првата група, таа не добила награда, заради што сега е ставена сега на листата и има финасиска помош од 14.000.

А.Б.

Слично

Поврзани вести