ФИЛИПЧЕ: За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план
Според лидерот на СДСМ, Венко Филипче за една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план, станавме држава залжник на туѓи интереси. Oва го потенцираше Филипче, на вечерашната трибина „Мугра на Слободата“, во Крушево. Тој предупреди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ од држава со јасна иднина напред, ја направи држава заложник на туѓи интереси.
„За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план. Од држава со јасна иднина напред, станавме држава заложник на туѓи интереси кои што ја раководат оваа власт преку финансиско заложништво. Мицкоски е скапо платен спроведувач на политики на држави кои не и мислат добро на Македонија, туку ја гледаат само како поле за своите геостратешки интереси“, рече Филипче.
При тоа, Филипче потсети дека Мицкоски со новите задолжувања направи вистинско предавство на интересите на државата.
