ФИЛИПЧЕ: За двајца градоначалници сме веќе прилично сигурни дека ќе трчаат на локалните избори
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата веќе работи на подготовките за претстојните локални избори, со јасни критериуми за избор на коалициски партнери и кандидати за градоначалници.
„Веќе имаме потврдено коалициони партнери во рамки на веќе постојната коалиција за локалните избори работиме на консолидирање на советничките листи, и за двајца градоначалници сме веќе прилично сигурни дека ќе трчаат на локалните избори и тоа се сегашни актуелни градоначалници на општина Центар, Горан Герасимовски и на Крушево, Томе Христовски“, изјави Филипче.
Тој информираше дека СДСМ веќе има потврдени коалициски партнери во рамки на постојната коалиција и дека се работи на консолидација на советничките листи.
Слично
