Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ ЗА БРЗОТО ТЕСТИРАЊЕ НА МИЦКОСКИ И ЗАЕВ: Една од целите беше да се заштитат и медиумите

ФИЛИПЧЕ ЗА БРЗОТО ТЕСТИРАЊЕ НА МИЦКОСКИ И ЗАЕВ: Една од целите беше да се заштитат и медиумите

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на прес-конференција изјави дека тестот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев е негативен, но тој ќе биде во изолација една недела. 

Министерот рече дека на Инфективна клиника по два негативни теста се испишани тројца пациенти, а примени се двајца нови. 

Во „8-ми Септември“ има 21 пациент, од кои 6 на респираторна машина. 

Во Битола има 4 во болница и тие се добри. 

„Се следат и пациентите на домашно лекување“, рече министерот. 

Во Штип во болница се примени уште 4 пациенти. 

Досега во земјата се направени над 7.000 тестови. 

„Во Куманово бројот е голем затоа што се работи за пациенти кои се следени и развија симптоми“, вели Филипче. 

Тој додаде дека брзо се пристапило кон тестирање на Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, затоа што се експонирани, и имаат доста контакти. 

„Една од целите беше да се заштитат и медиумите“, рече министерот. 

Mицкоски исто така имаше негативен тест. 

Слично

Поврзани вести