Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Возбудата е огромна, но верувам дека ова е само почеток

Филипче: Возбудата е огромна, но верувам дека ова е само почеток

Браво момци Македонци,  честита министерот за здравство, Венко Филипче на фудбалерите за пласманот на Европското првенство. 

Тој ги замоли да прослават со почитување на мерките.


„Браво момци Македонци! Секоја чест, испишувате историја! Голем ден за заслужено славје, сепак ве замолувам тоа да биде со почитување на мерките за заштита. Возбудата е огромна, но верувам дека ова е само почеток на прославите на успесите на македонската репрезентација“, напиша Филипче.

Гордоста и посветеноста победуваат, радувај се народе, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев откако македонската фудбалска репрезентација ја победи Грузија и се пласираше на Европското првенство. 

Македонија во 60 минута од натпреварот против Грузија постигна гол.

Стрелец на единствениот гол беше Горан Пандев  по акција на Елиф Елмас и Илија Несторовски.

Европското првенство треба да се одигра следната година во неколку градови во Европа.

Слично

Поврзани вести