Филипче: Во Скопје нема зголемена бројка на луѓе кои се во изолација
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави во Скопје нема зголемена бројка на луѓе кои се во изолација.
Денеска можно е да се предложи и донесе одлука за целосно затворање на моловите.
„Се отвори прашањето за пекарите, а препорака е доколку може да се работи целосно шалтерски, ако може воопшто да не се влегува во објектите“, вели министерот.
Потсети дека за загрозување на јавното здравје има високи казни, и никој нема да биде поштеден.
Слично
