Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Во понеделник ќе се разговара за нови рестрикции - подолг полициски час и пократко работно време на кафулињата

Филипче: Во понеделник ќе се разговара за нови рестрикции - подолг полициски час и пократко работно време на кафулињата

Зголемување на времетраење на полициски час и скратување на работното време на угостителските објекти е следниот чекор на заострување на мерките за заштита од Ковид19, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Сепак тој додаде дека очекува полицискиот час кој сега е на сила да даде резултат, а ако треба нова проценка ќе се прави на почетокот на следната недела.

„Денеска имаме под 1.000 заболени и ние очекуваме растот на новозаболени да забавува. Спремни сме да препорачаме дополнителни рестрикции, но во во консултација сме со докторите и цениме дека засега нема потреба дополнителни рестрикции, рече Филипче. 

Додаде дека во последниот период имаше забрзано полнење на интерните клиники. Се обезбедува дополнителен простор за лекување. Отворен е дел на пластична хирургија и едно одделение на приземје кои практично се на располагање. Филипче рече дека ќе се обезбедат дополнително 100 кревети.

Денеска има помалку бројката е под илјда и очекуваме да оди во насокат на стабилизирање и полицискиот час да даде резултат.

По одлуката на некои школи да ја заменат физичката настава на пониските одделенија со онлајн настава, Филипче рече дека се работи за индивидуални примери и дека засега останува досегашниот систем кој се однесува на цела држава, за настава со физичко присуство на пониските одделенија и за онлајн настава на сите други, со извесни исклучоци.


Слично

Поврзани вести