Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Во овој период од годината вирусот има силна локална трансмисија

Филипче: Во овој период од годината вирусот има силна локална трансмисија

Намалена е преносливоста на коронавирусот, вели министерот за здравство, Венко Филипче. 

Евентуална следна мерка би можела да биде полициски час, смета министерот. 

Секојдневно се следи состојбата на терен и, доколку има потреба, Комисијата за заразни болести ќе препорача и дополнителни рестриктивни мерки. 

„Анализите покажуваат дека е намалена преносливоста на вирусот.  Ер нула (R0) факторот на преносливост е намален од 1,5 на близу 1, што значи дека еден човек при непосреден контакт претходно заразувал 1,5 човек, а сега тоа е помалку од еден“, објасни Филипче. 

Вели дека за разлика од пролетта и летото, во овој период од годината вирусот има силна локална трансмисија. 

Вчера Македонија регистрираше црн рекорд од 40 починати од вирусот. 

Слично

Поврзани вести