Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче во Меѓународната агенција за атомска енергија

Филипче во Меѓународната агенција за атомска енергија

Потенцијалната соработка за унапредување на здравството преку поддршката за новиот проект за малигни заболувања, загадувањето на воздухот, здравјето и животната средина, како и менаџирање на загадувањето на животната средина, се темите за кои министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули разговараа со претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена. 

Од Министерството за здравство информираа дека Филипче и Макрадули на средбите во Агенцијата во Виена ги претставиле приоритетите на Владата на Република Македонија во делот на здравството и животната средина и ја потенцирале важноста од успешната досегашна, но и идна соработка со агенцијата.

Филипче и Макрадули во Виена1Во рамки на посетата Филипче и Макрадули се сретнале со заменик- генералниот директор на одделот за нуклеарна енергија, Микхаил Чудаков, со заменик-генералниот директор на одделот за нуклеарна сигурност, Хуан Карлос Лентијо, заменик-генералниот директор на одделот за техничка соработка, Дазу Јанг и заменик-генералниот директор за техничка соработка за Европа, Алдо Филхо Малаваси, посочуваат од Министерството за здравство. 


Слично

Поврзани вести