Филипче: Во Македонија се детектирани 6-7 мутации на вирусот, но нема како оној во Велика Британија
Министерот за здравство, Венко Филипче, по посетата на Институот за Судска медицина каде денеска
СЗО донираре лабораториска опрема, во однос на
новинарско прашање дали и кај нас има појава на новиот сој на корона вирусот,
каков што има во Велика Британија рече дека досега таков не е детектиран.
-Идентичен на тој во Велика Британија во нашата земја нема. Кај нас се детектирани други 6-7 видови, а оној кој провладува во изминатите месеци кај нас, е забележан и во Србија и во Швајцарија, истакна министерот Филипче.
Слично
