Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче во 12.30 ќе одговори со кој потпишувал договор за вакцините од Синофарм

Филипче во 12.30 ќе одговори со кој потпишувал договор за вакцините од Синофарм

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес конференција се очекува да даде објаснување околу потпишувањето на договорот за набавка на кинеските вакцини од производителот Синофарм. Овој скандал ја тресе Македонија два дена, а медиумите објавуваат, односно пренесуваат детали од писмената кореспонденција меѓу министерот Филипче и приватната кинеска компанија што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“.

Во едно од писмата што министерот за здравство ги пишува се наведува дека Кина не подлежи на  каква било одговорност, односно евентуални негативни последици од употребата на вакцината.

Превод од писмото кое го објави „Ла Верита“

-Со цел да се избегнат било какви клинички последици, изјавуваме дека било какви проблеми кои би можеле да се појават кај корисниците на вакцината ќе бидат на целосна одговорност на нашата држава и нема да има никаква врска со производствените единици на „Кина нешнл биотек груп“.-Писмо на Венко Филипче до кинески Синофарм.

Инаку, премиерот Заев пак, вчера истакна дека немале никакви лоши намери и дека се обиделе преку сите канали да донесат вакцини во земјава, а една од приватните компании која тој ја спомна е „Пауер Чајна“, мајка-компанија на Синохидро, една од кандидатите за изградба на Чебрен. 



Слично

Поврзани вести