Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Во 12 градови каде имаше заболени, веќе нема активни случаи

Филипче: Во 12 градови каде имаше заболени, веќе нема активни случаи

Во 12 македонски градови, нема заразени со Ковид 19. 

Заклучно денеска во 12 градови каде имаше заболени, веќе нема активни случаи на Ковид-19, напиша на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.

„Во следниот период очекуваме стабилна и мирна состојба во однос на епидемијата. Бидејќи капацитетите за тестирање се растеретени, од утре почнуваме со масовен скриниг – започнуваме со вработените во детските градинки“, напиша Филипче.

Во Македонија во фази ќе почне олабавувањето на мерките. 

Филипче повика и понатаму да се почитуваат мерките за заштита. 

Слично

Поврзани вести