Филипче: Внуката не прими МРП вакцина, но иглата беше без капаче
Венко Филипче, министерот за здравство, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека внуката, што неодамна ја вакцинираше и од моментот објави фотографија на социјалните мрежи, не примила МРП при имуниацијата затоа што не била на доволна возраст а тоа.
- Секогаш е добро да се покаже со личен пример дека нешто е вистина, дека нешто е вистински чекор и дека нешто е вистинска политика. И во таа насока беше вакцинирањето на мојата мала внука, која е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, меѓутоа и објавата беше во насока на тоа дека ние како здравствени власти ги уверуваме сите граѓани, родителите на малите деца дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, дека тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Мојот чин беше во однос на сите овие аргументи, наведе тој.
Во однос на реакциите од страна на антивакцерите дека на фотографијата при вакцинирањето имало капаче на самата самата игла, тој вели дека тоа не е точно.
- Станува збор за еден адаптер кој се надоврзува на шприцот и потоа е иглата, очигледно беше таков аголот на сликање па иглата не се гледаше. Но, многу се сериозни антивакциналните кампањи. Тие се сериозен ризик, загрозување на јавното здравје. За да се каже таква работа, за да се верува во таква работа мора да се има предвид дека се загрозува колективниот имунитет, заради тоа што се компромитира вистинската порака. Сето тоа дека е капаче, дека вакцините се поврзуваат со разни болести , дека постојат искуства дека одредени болести се поврзани со вакцините се лажни вести - вели министерот.
За тоа што веќе половина година се најавени како мерка а ане се набавени бесплатни маски против аерозагадувањето, тој наведе дека кампањата не успеала навреме поради немањето време да се запаат процедурите.- Во однос на маските излеговме како препорака за една интервентна мерка соочени со нешто што доаѓа како резултат на многу долги години запоставено прашање, меѓутоа не успорија законските постапки, тие траат и очигледно дека мораме да ги запазиме, заради тоа што тоа мора да биде така како што треба и ние тоа ќе го испорачаме, изјави Филипче.
