Филипче: Власта преку „Безбеден град“ може да ја следи опозицијата
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека не го проблематизира проектот „Безбеден град“ од аспект на беезбедноста, но, од аспект на тоа кој и како располага со податоците од системот, како движењата на луѓето и возилата.
-Тоа е тоа што јас го прашувам. Никако од аспект на безбедноста. Ве молам да не го спинувате тоа, рече Филипче на прес-конференција.
Лидерот на СДСМ денеска порача дека власта прави легализација на масовен надзор без соодветни ПИ-мерки преку системот „Безбеден град“. Според него, кога за граѓаните се воведува дигитален надзор, контролата на овие системи е прашање за опстанок на демократијата.
-Технички министер за внатрешни работи од опозицијата е гарант дека овој систем нема да се злоупотреби на следење на движења на поединци од опозицијата, активности на опозициски кандидати и активности за време на кампањата. Со ниту еден закон, системот не е регулиран и ниту пак се знае како и на кој начин, можат тие податоци и во која цел да се користат, кажа Филипче.
