ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици

Ветувањето на премиерот Христијан Мицкоски дека Македонија ќе покаже пред Европската Унија(ЕУ) дека ќе биде најдобриот ученик и дека ќе работи на реформите во земјата, немаат допирна точка со реалноста, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче во емисијата „Само интервју” на Канал 5. 

Според Филипче, легитимно е Владата да има желба да биде најдобриот ученик, но како што потенцира, за сега на секое поле и по сите предмети има само единици.

„Ајде да видиме по кои предмети. Луѓето сакаат систем. Има ли систем во платите? Ајде да го тргнеме прашањето со Бугарија малку, затоа што луѓето живеат секојдневие. Има ли раст на платите?”, праша Филипче. 

Тој потенцираше дека нема раст ниту на минималната, ниту на просечната плата и доколку постоело волја кај Владата, ќе направеле законски измени со кои ќе се овозможи раст на платите како во времето додека на власт беше СДСМ кога постоеше систем за раст на минималната плата. 

ad
Слично

Поврзани вести