Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче дава поддршка за наставниците и вели дека во буџетот има пари за поголеми плати. 

„Денес сум тука во поддршка на наставниците и просветните работници кои дојдоа да испратат порака на незадоволство од одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да ја прекине политиката на раст на плати. Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати, понижени и запоставени“, изјави  Филипче.

Вели дека има пари за нови четири министерства и цела армија партиски вработувања, има пари за луксузирања со скапи авионски карти, има пари за измислување на нови директорски места во царина и така натаму. 

СОНК вчера се огради и кажаа дека тие нема да учествуваат на партиски протести. 

Власта најави дека дури идната година ќе има покачување на платите на наставниците. 

Слично

Поврзани вести