Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче потврди дека патникот кој слетал од Дубаи нема коронавирус

Филипче потврди дека патникот кој слетал од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека се работи за лажна вест дека патник кој стигнал од Дубаи бил заразен со коронавирус. 

Повика сите да се придржуваат до официјалните информации, за што тој и другите надлежни се достапни 24 часа. 

Филипче рече дека имаат добра координација за сите чекори, доколку се појави случај на инфициран. 

„Ние не можеме да направиме ништо друго, освен тие патувања да се откажат“, рече министерот за патувањата во Италија. 

Според него, граѓаните не треба да преземаат таков ризик. 

Повика граѓаните кои ќе допатуваат од северна Италија да не шетаат по институции, туку ќе бидат прегледани во нивниот дом. 

Слично

Поврзани вести