Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче вели дека донациите ја намалиле смртноста на новороденчињата

Филипче вели дека донациите ја намалиле смртноста на новороденчињата

Донациите од проектот ПериМак со кој се донираше опремата во гинекологијата во Чаир, на Гинеколошката клиника и на одделот за интензивна нега на Педијатриската клиника ја намалиле смртноста на новороденчињата, според министерот за здравство Венко Филипче. ПериМак е дел од фондацијата ХОУП и Штарштундер од Германија која ги зајакнува капацитетите на родилиштата.

– Се донираше многу значајна и вредна опрема, вкупната вредност надмина некаде околу милион и двесте илјади евра, и тоа што е најзначајно од се е што денеска дефинитивно се пушта во функција и електронското мониторирање на ЦТГ кај жени кои чекаат породување, што значи дека од едно централно место ќе може да се мониторираат, и тој електронски систем да алармира и при најмала промена, рече министерот. Од опрема се донираа кревети, специјална форма на вентилатори за интензивна помош кај бебето за да се одржи добриот капацитет на дишење по раѓањето. Донирани се и специјални ламби за осветлување доколку бебето има жолтица, специјални блендери што го мешаат кислородот со воздухот и тоа е една придобивка на технологијата последните години, изјави Филипче.

Донаторскиот проект, според Филипче, ќе продолжи во сите поголеми родилишта низ Македонија и ќе следи опремувањето и едукација на родилиштата во Тетово, Куманово, а со буџетски средства комбинирано и останатите големи родилишта во Струга, Струмица и Штип.

Слично

Поврзани вести