Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче вели дека четвртиот бран е многу поразличен од претходните

Филипче вели дека четвртиот бран е многу поразличен од претходните

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека четвртиот бран е многу поразличен од претходните. 

Тој рече дека не може брановите да се споредуваат меѓу себе. 

„Овој бран сега е многу поразличен од претходните, бидејќи имаме одреден процент на вакцинирани лица, но и лица кои веќе ја прележале болести. Секој бран што веројатно и понатаму ќе се појавува ќе зависи од повеќе фактори, вклучувајќи го и тоа каков сој ќе се појави“, изјави Филипче во вечерашното гостување на Канал 5.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 652.340 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.398 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.099 граѓани. 

Деновиве во земјава има над 1.000 заразени со коронавирусот на дневно ниво. 

Слично

Поврзани вести