Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ: Веќе ја спроведуваме мерката што вчера ја нагласи и СЗО

ФИЛИПЧЕ: Веќе ја спроведуваме мерката што вчера ја нагласи и СЗО

Министерот за здравство Венко Филипче е задоволен што кај нас Владата веќе од поодамна препрачува да се носат маски, откако тоа вчера многу јасно го советуваше и Светската здравствена организација.

„СЗО со ажурирањето на упатствата со препораки препорача на владите во светот да инсистираат сите да носат заштитни маски за лице на јавни места каде постои ризик од пренесување на коронавирусот, за да се намали ризикот од ширењето на пандемијата. Оваа мерка веќе ја имплементираме кај нас, покрај физичкото растојание и честото миење на раце. Задоволен сум што носиме вистински одлуки за заштита на здравјето на нашите граѓани. Апелирам да продолжиме да ги почитуваме мерките и заеднички да придонесеме кон спречување на ширење на овој вирус“, пишува на својот официјален фејсбук профил првиот здравствен работник.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека маските за лице се само една од низата алатки кои можат да го намалат ризикот од пренесување на вирусот. 

СЗО ги ажурираше своите упатства и им препорача владите да ги замолат сите да носат маски за лице од ткаенина, во јавност во области каде постои ризик да го пренесат Ковид-19, со цел да помогнат при намалување на ширењето на пандемијата.

Слично

Поврзани вести