Филипче вечерва: Се тестира во три смени, од понеделник ќе бараме и нови термини
Силниот есенски бран ги оптовари лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини, изјави вечерва министерот Венко Филипче.
„Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела. Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени. Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата, рече Филипче вечерва.
Слично
