Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Вакцината штити од инфекцијата на Ковид-19 за период од 6 до 9 месеци

Филипче: Вакцината штити од инфекцијата на Ковид-19 за период од 6 до 9 месеци

Министерот за здравство, Венко Филипче, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, зборуваше за вакцините и стекнувањето на колективниот имунитет.

Во контекст на тоа, Филипче истакна дека претпоставките се дека за колективен имунитет 60 до 70% од населението треба да се вакцинира, што впрочем е генерално правило за имунизација и нешто што сериозно може да ја смени сликата со вирусот.

-Тоа што светот не го знае е како ќе се димензионираат превентивните мерки понатаму и по вакцинацијата, истакна Филипче.

Во однос на временскиот опсег, колку време вакцината штити од инфекција, Филипче посочи дека од она што досега се знае, станува забор за период од 6 до 9 месеци.

-Останува да видиме како ќе се одвива степенот на имунизацијата, колкав ќе биде титарот и дали можеби ковид-19 ќе помине во форма на некаква сезонска инфекција. Досега се прилично сигурни доказите дека сосема е доволна количината на антителата од вакцината за да го заштитат лицето од инфекција.

ФОТО/Фејсбук

Слично

Поврзани вести