Филипче: Вакцинацијата има голем ефект-помалку заразени, помалку хоспитализирани во последните три месеци
-Вакцините функционираат заедно со вашиот имунолошки систем, така што ќе бидете подготвени да се борите против вирусот доколку сте изложени на него. Ковид 19 може да има сериозни, опасни по живот компликации и не постои начин да се знае како вирусот ќе влијае на вас, пишува во денешната објава министерот за здравство, Венко Филипче, потенцирајќи дека анализта на Цивика мобилитас покажува дека
вакцинацијата ја намалила хоспитализацијата помеѓу 37,9% и 46,5%, како и 2,8 милиони евра пониски трошоци за хоспитализација во последните 5 недели од делта бранот.
Слично
