ФИЛИПЧЕ УВЕРУВА: Градинките се спремни за отворање, точниот датум ќе го определи Владата
Министерот за
здравство Венко Филипче, вели дека се е подготвено за отворање на градинките и
дека на седница на Владата ќе треба да се одлучи точниот датум кога ќе почнат
со работа, пишува порталот Денешен Весник.
Според него, градинките се подготвени да почнат со работа сега во септември, нагласувајќи дека Датумот за нивно отворање ќе го определи Владата.
– Ги разработивме новите протоколи за градинките, со намалување на бројот на децата во групите и едукацијата на воспитувачите и сметам дека е безбедно отворањето. Датумот за нивно отворање ќе го определи Владата, а лично сметам дека тие може да почнат со работа и во септември, изјави Филипче.
Протоколите во градинките се задолжително мерење на температура, посебни постелнини за секое дете, раздалеченост меѓу креветите. Од Министерството за труд и социјална политика за порталот Република одговориле дека во една група би имало 15 деца.
