Филипче: Утре ќе се дискутира за евентуална рестрикција на движењето
Во последните 24 часа се направени 702 тестови и регистрирани нови 127 заразени, изјави денеска на прес - конференција министерот за здравство, Венко Филипче.
Починати се три лица, едно лице од Куманово, и двајца починати од Скопје, од Чаир и Сарај.„Се покажа дека најголем број од заболените се всушност заболени на семејни и други собири“, вели министерот.
Филипче рече дека е подобрена соработката со граѓаните, а многу од новите случаи се со лесна клиничка слика или се без симптоми.
90 отсто во Скопје паѓаат во 41 кластер, како што објасни министерот. Повеќето луѓе се заразени пред две седмици.
Ако се гледа за седум дена, жариштата се задржани, и нема ширење надвор од нив.
Утре ќе се дискутира за евентуална рестрикција на движењето.
Филипче рече дека непочитувањето на мерките доведе до вториот бран на заразени.
Слично
