Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Утре е закажана првата екстракција на плазма

Филипче: Утре е закажана првата екстракција на плазма

Пациентите кои денес починале имале и претходни заболувања, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Починаа 4 лица во изминатото деноноќие. 

Направени се 298 тестови за 24 часа, при што има 13 новозаразени. 

„18 се до потешка клиничка слика, а 5 се на механичка вентилација“, рече министерот за згрижените на Инфективната клиника. 

Центарот за јавно здравје Велес, утре ќе добие нов директор поради направените пропусти во работењето.

Утре е закажана првата екстракција на плазма, рече министерот. 

Филипче повика да се почитува мерката за носење на заштитни маски. 

Слично

Поврзани вести